Кои 20 модели на возила не ја губат вредноста и се исплатливи да ги купите?

ОБЈАВЕНО НА:

При купување на нов автомобил секогаш се зема предвид колку во иднината би се загубило на вредноста? Затоа е добро да се знае кои автомобили би имале најдобра цена после пет години од користењето и просечна километража од 15.000 километри. Меѓу нив се итакнува една група на возила.

Според најновите прогнози на Car-Ekspert, популарните теренци ќе бидат на најголема цена и во блиска иднина.

Меѓу автомобилите кои најмалку губат на вредноста доминираат возила на масовните и популарни брендови,а во Топ 20 се наоѓа само еден модел од премиум сегментот.

20.Skoda Fabia – 52,0 oтсто од почетната вредност

19.Volkswagen Golf – 52,2 oтсто од почетната вредност

18.Fiat 500 – 52,4 oтсто од почетната вредност

17.Suzuki Vitara – 52,5 oтсто од почетната вредност

16.Renault Clio – 52,6 oтсто од почетната вредност

15.Kia Sportage – 52,7 oтсто од почетната вредност

14.Audi A3 – 52,9 oтсто од почетната вредност

13.Volkswagen T-Roc – 53,1 oтсто од почетната вредност

12.Skoda Octavia – 53,4 oтсто од почетната вредност

11.Nissan Qashqai – 53,5 oтсто од почетната вредност

10.Skoda Kamiq – 53,7 oтсто од почетната вредност

9.Toyota RAV4 – 53,8 oтсто од почетната вредност

8.Toyota Corolla – 53,9 oтсто од почетната вредност

7.Skoda Karoq – 54,3 oтсто од почетната вредност

6.Toyota Yaris – 54,5 oтсто од почетната вредност

5.Volkswagen Tiguan – 54,7 oтсто од почетната вредност

4.Dacia Duster – 55,2 oтсто од почетната вредност

3.Hyundai Tucson – 55,3 oтсто од почетната вредност

2.Suzuki Jimny – 56,4 oтсто од почетната вредност

1.Toyota C-HR – 56,9 oтсто од почетната вредност

Заклучок на студијата

Последното место е одалечено само 4,9 бодови од првитe што тоа практично не е многу. Тоа овозможува да се верува дека ситуацијата со половните возила ќе биде многу поважна од местата на ранг листата во овој поредок. Автомобилите во премиум сегментот најмногу губат бидејќи на листата има само еден модел од овој сегмент. Популарните автомобили не губат толку.

Сепак, најважниот заклучок од листата е поинаков. Тој гласи: „Купете го она што го сакате бидејќи автомобилот го купувате за себе, а не за следниот сопственик. Грижете се добро за него бидејќи ќе можете да го продадете за поголем износ“.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK