Романија ги мотивира возачите со 10.000 евра за купување електрични возила

ОБЈАВЕНО НА:

Сопствениците на стари автомобили ќе добиваат по 1.500 евра при враќање на старите автомобили и соодветно до 10.000 бонус при купувањето на електричен автомобил и до 4.500 евра при купувањето на plug-in хибрид

Владата на Романија објави дека буџетот се зголемува за 15 проценти за 2021 година во програмата за замена на најстарите автомобили во возниот парк. Програмата е воведена пред повеќе од десет години и успешно го поддржува процесот за обновување на автомобилскиот парк во земјата.

Се очекува меѓу 55.000 и 60.000 сопственици на стари возила во Романија да ја искористат програмата во текот на оваа година и да ги заменат своите возила со автомобилите.

Во согласност со условите во програмата, сопствениците на старти автомобили ќе добиваат по 1.500 евра при враќање на старите автомобили и соодветно до 10.000 бонус при купувањето на електричен автомобил и до 4.500 евра при купувањето на plug-in хибрид.

Очекувањата на Владата на Романија се преку оваа мерка да се подобри квалитетот на возниот парк, да се намалат значително жртвите при сообраќајните несреќи и да се подобри квалитетот на воздухот во големите градови.

Во 2020 година во Романија биле продадени 126.351 возило, и имало пад од 21,8 отсто поради пандемијата. Во 2019 година Романците продале 161.562 возила.
Најпродавано возило лани било Dacia Logan со 18.474 возила, пред Dacia Duster со 9,825 возила.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK