Првиот електричен Hummer продаден за 2,5 милиони долари

ОБЈАВЕНО НА:

Она што пред неколку месеци го најави General Motors тоа и се случи. Првиот произведен примерок од електричниот Hummer е продаден на аукција.

На аукцијата организирана од страна на Barrett-Jackson Scottsdale во Аризона, минатата недела, овој прв примерок беше продаден за неверојатни 2.500.000 американски долари.

Овие пари ќе бидат наменети за хуманитарни цели, а покрај овој, на автомобилот беа продадени и други автомобили. Ford Bronco беше продаден за 1.075.000 долари, Ford Mustang Mach 1 за 500.000 долари, Ram 1500 TRX Launch Edition за 410.000 долари, а по солидна цена беа продадени два примерока од Cadillac CT5-V Blackwing едниот по цена од 265.000 долари, а другиот по цена од 165.000 долари.

Сепак електричниот Hummer не беше најскапиот автомобил кој беше продаден. На првата позиција се најде Shelby Cobra 427 Super Snake кој беше продаден за 5,5 милиони долари.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK