Ако досега сме сметале дека електричните возила се скапи, Dacia веројатно ќе го смени. Новиот електричен модел Dacia EV Spring ќе се нуди по цена од 10.920 евра. Звучи неверојатно, но таа ќе биде цената откако ќе се одбијат субвенциите што ги дава германската влада за купување на електрични возила.
Dacia веќе ги прима нарачките за моделите Comfort Plus на EV Spring во Германија. Варијантата на ова електрично возило кога ќе пристигнат во салоните на дилерите ќе бидат со цена од 21.790 евра, но на тоа секако ќе може да сметаат на бпнус од 9.570 евра, па така цената на тој модел ќе биде 12.220 евра.
Во опремата на Spring EV ќе има 7 инчен екран чуствителен на допир, интеграција со смартфон, задни паркинг сензори, камера за рикверц и металик бој. Може да се порача и 30 kW брз полнач како опција.
Основниот модел што ќе се нуди го носи името Comfrt, и ќе биде уште подостапен по цена од 10.920 евра со EV грант od 20.490 евра, и доаѓа како стандард со рачен систем за климатизација, Bluetooth радио и Кабел за полнење Mode 2. Белата ќе биде основната боја, а металната боја ќе биде достапна со дополнителни трошоци.
Двете варијанти имаат електричен мотор од 44 КС / 33 kW и 125 Nm, напојуван од батерија од 27,4 kWh. Spring има вкупен опсег на движење од 305 км. во градот и 230 км. заедно во WLTP циклусот. Забрзува до 100 км на час за 19,1 секунда, а неговата максимална брзина е 125 км на час.
Има должина од 3.734 мм. широк е 1.579 мм. и висок 1.488 мм, со долго меѓуоскино растојание од 2.423 мм и клиренс од 151мм. Овој модел на Spring e најмалото возило на Dacia.За споредба, хечбекот Sandero од третaта генерација кој влезе во производство минатата година изградена на платформата CMF-B на Renault, е долг 4,088 мм. , широк 1,848 мм. и висок 1,499 мм.
Но, сепак предноста на Spring е што за цената, се разбира заедно со субвенциите се добива електрично возило кое ги задоволува во целост градските потреби.