Уште еден пораз за Европа – во Кина повеќе продадени автомобили за првите два месеци

ОБЈАВЕНО НА:

Години наназад кинескиот пазар на автомобили е најголемиот национален пазар. Тој на годишно ниво генерира поголема продажба од САД, Индија, но и земјите од Европска Унија во целост.

Одличниот тренд на продажба продолжува и оваа година поточно во првите два месеци. Така во овој период во Кина се продадени 3,96 милиони возила додека во Европа 1,52 милиони возила, пренесува Autoexperte Dudenhoffer, повикувајќи се на нивната студија.

Изворот наведува дека порастот во јануари и февруари никогаш претходно не е забележан и покрај пандемијата на коронавирусот која се уште е актуелна во оваа земја.

Во Европа, во првите два месеци годинава, најголема продажба е забележана во Германија, а потоа следи Франција, Италија, Шпанија, Велика Британија. Во сите овие земји е остварен пад на продажбата во споредба со истите месеци минатата година.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK