Не само на тестовите во латинска Америка, нула ѕвезди на краш тестовите се добиваат и на тестовите во Австралија. Така моделот Mitsubishi Express изненадувачки освои 0 ѕвзеди на краш тестот на ANCAP (Australasian New Car Assessment Program).
Најдобар скор имаше во безбедноста на возрасните на предните седишта и тоа од 55%. 40% изнесува скорот во однос на безбедноста на пешаците, додека пак во безбедносната асистенција освои само 7%.
Со овој резултат, Mitsubishi Express го доби епитетот на најнебезбедно возило, епитет кој претходно му припаѓаше на кинескиот GWM Steed кој освои само две ѕвезди.
Инаку овој модел е всушност ребрендиран Renault Traffic. Се произведува уште од 2014 година, и во целост се базира на францускиот модел.