Познати се полуфиналистите за “Светски автомобил на годината” за 2021 година

ОБЈАВЕНО НА:

Организацискиот одбор за наградата “Светски автомобил на годината” (World Car of the Year 2021) ги објави финалисите за овогодинешното издание. Станува збор за финалисти групирани во четири категории: World Luxury Car, World Performance Car, World Urban Car и World Car Design of the Year.

Меѓународното жири од 93 членови ќе ги објави финалистите на 30 март додека победниците ќе бидат објавени на 20 април.

Во продолжение се финалистите групирани по категории:

2021 World Car of the Year

Audi A3, BMW 2 Series Gran Coupe, BMW 4 Series, Honda-e, Kia K5 / Optima, Kia Sorento, Mazda MX-30, Mercedes-Benz GLA, Toyota Yaris / Yaris Cross и Volkswagen ID.4.

2021 World Luxury Car

Aston Martin DBX, BMW X6, Land Rover Defender, Mercedes-Benz S Class и Polestar 2.

2021 World Performance Car

Audi RS Q8, BMW M2 CS, BMW X5 M / X6 M, Porsche 911 Turbo и Toyota GR Yaris.

2021 World Urban Car

Honda Jazz / Fit, Honda-e, Hyundai i10 / Grand i10, Hyundai i20 и Toyota Yaris / Yaris Cross.

2021 World Car Design of the Year

Honda-e, Land Rover Defender, Mazda MX-30, Polestar 2 и Porsche 911 Turbo.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK