Таварес смета дека фабриките на Fiat во Италија се помалку конкурентни

ОБЈАВЕНО НА:

Карлос Таварес објави дека не е задоволен од италијанските фабрики на Fiat кој се далеку помалку конкурентни од оние на Stellantis лоцирани во Франција и Шпанија. Ова тврдење го базира врз основа на оперативните трошоци за производство.

Според него, трошоците во Италија се далеку повисоки од оние во Франција, Унгарија, Шпанија, Полска, Португалија и Словачка, каде што Stellantis поседува фабрики. За ова разговарал и со синдикатот, а на состанокот ги презентирал и конкретните бројки.

Извори за италијанските медиуми кажуваат дека на средбата се разговарало за тоа како да се намалат трошоците, но при тоа не станало збор за намалување на платите на работниците. Токму ова намалување е дел од планот според кој по спојувањето на FCA Automobili и PSA Group би требало да се заштедат 5 милијарди евра.

Инаку во Италија, сега новоформираната компанија Stellantis поседува две фабрики во Торно и по една во Атеса, Мелфи, Помиљано д’Арко, Модена и Пиемонт Сан Германо.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK