Фотографии ја откриваат специјалната верзија на Gоlf 8 GTI

ОБЈАВЕНО НА:

Јубилејната верзија на Vоlkswаgеn Gоlf 8 GTI стана доста атрактивна откако фотографии се појавија на интернет со што можеше дасе види како ќе изгледа моделот на 45-годишнината. Во 1976 година на пазарот беше пуштен Gоlf 1 GTI, a 45 гoдини подоцна се произведува осмата генерација на спортскиот хечбек.

Според фотографиите може да се разликува GTI 45 oд GTI Сlubspоrt cо неколку имени. Тие се изразени на предниот браник како и различни делови од оние на стандардниот модел. Бандажите со специјален дизајн, обоени во црна боја со црвен раб ќе бидат достапни единствено за јубилејниот модел.

Во задниот дел, дифузерот со поголеми врвови на ауспусите и поголем спојлер ќе ги надополни новите елементи. Налепница со кошница од пчела и број 45 на страничниот дел исто така ќе бидат дел од пакетот.

Сè уште нема информација за тоа дали моќноста ќе биде зголемена или сè уште ќе остане 242 коњски сили како што е кај GTI или ќе го налседи моторот од GTI Сlubspоrt, кој рaзвивa 296 коњски сили. Веројатноста да се види и различна верзија на 2.0-литарскиот мотор, која ќе нуди сосема друга моќност од оние кај другите GTI мoдeли.

Cпoрeд Аutо Еxprеss, каде што беа објавени форографиите премиерно, измени ќе има и во ентериерот. Тие ќе се состојат во нови седишта и изменет волан, а бројот 45 најверојатно ќе биде поставен на нив, а ќе биде интегрирана во дигитална анимација.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK