Целосен хибрид: McLaren ја претстави Artura (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Како и што беше најавено McLaren ја спроведе он-лајн премиерата на новиот модел кој воедно е и прв целосно хибриден, именуван како Artura.

Со самата премиерата претставени се и техничките карактеристики кои претходно беа на ниво на шпекулација. Така, најзначајниот автомобил во историјата на производителот, како што самиот McLaren го најави, има целосно нова шасија создадена од јаглеродни влакна. Благодарение на истата, намалена е и вкупната тежина па така сега истата изнесува 1.495 килограми.

Хибридниот погон комбинира 3,0 литарски twin-turbo V6 бензински мотор како и електромотор. Вкупната моќност која ја продуцираат изнесува 671 КС. Тука е и литијум-јонската батерија од 7,4 kWh како и 8 степениот менувач со нова технологија.

Овие перформанси овозможуваат од 0 до 60 милји на час односно до 96 км/ч да забрза за рамно 3 секунди, а четврт милја поминува за 10,7 секунди. Максималната брзина коај може да ја постигне изнесува 330 км/ч. McLaren наведува дека во електро мод може да се вози до 130 км/ч, а при константна брзина од 130 км/ч може да помине 30,5 км на батерија.

Во однос на останатите спецификации, тука се и карбонско-керамичките сопирачки, комбинираните 19 и 20 инчни тркала, електричното подесување на седишта со греење, бројните системи за асистенција на возачот и многу повеќе.

Купувачите ќе може да бираат помеѓу 31 боја на екстериерот, а стартната цена на автомобилот изнесува 185.500 британски фунти. За нарачки веќе е достапен, а првите испораки се очекуваат во текот на втората половина од годината.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK