Audi ги поврзува возилата со семафорите во САД

ОБЈАВЕНО НА:

Audi е првата автомобилска марка која ќе ги поврзе автомобилите со градската инфраструктура, што претставува важен чекор кон автономно возење во градовите.

Во Лас Вегас веќе сега моделите на Audi A4 и Q7 можат да ги прикажат фазите на семафорот директно во автомобилот. Сега тоа ќе се прави и во следните градови во САД, а се планира вакво промовирање на системот и во Европа. Информацијата за семафорите го оптимизираат протокот во сообраќајот, штедат време и го намалуваат влијанието на автомобилите на околината.

audi-lte-v2i-4

Audi of America соработува со неколку градови во Северна Америка во надградба на инфраструктурата за V2I технологијата. Како прв чекор е што сите модели на A4 и Q7 произведени за пазарот за САД од мај 2016 година и каде ќе биде враден Audi connect системот, ќе биде опремен и со оваа функција. Во САД, јавните центри за управување со сообраќајот ќе праќаат податоци околу работата на семафорот на Traffic technology Services, партнерот на Audi.
Овие податоци ќе се примаат во реално време и истовремено ќе се испраќаат во компјутерот на возилото на Audi. пред брза интернет врска, на пример 4G/LTE.

audi-lte-v2i-2

На виртуелниот кокпит на Audi, или хед ап дисплејот, возачот ќе може да види дали ќе успее да стигне додека семафорот е отворен и има зелено светло ако продолжи да се движи со пропишаната брзина. Ако не успее, се прикажува одборјување на времето до следното вклучување на зеленото светло – и возачот може правовремено д аја тргне ногата од папучата за гас. Пилот проектот во Европа покажува дека возачите често ја користат оваа операција ако имаат информација за работата на семафорот.

Во почетокот оваа услуга ќе може да ја користат клиентите на Audi, а во иднина резултатите од развојот на овој проект ќе може да ги користат и другите автомобилски марки. Ширењето на оваа технологија ќе им овозможи на планерите на градскиот сообраќај во разбирањето на причината за настанување на сообраќајните метежи.

Audi планира оваа технологија да ј апретстави и во Европа. Во берлин, Инглоштад, Гармиш Партенхирхен и Верона веќе постојат пилот пректи. Само во Берлин има приближно 700 семафори приклучени на ова ауслуга.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK