Откако од Tеslа ги претставија обновените Mоdеl S и Mоdеl X, моделот со променет надворешен дизајн и подобрени технички карактеристики, една имена во внатрешноста предизвика редица на коментари на интернет просторот.
Од американската компанија го претставија нетрадиционалниот волан со засечен горен дел. Брзо после претставувањето на овој новитет, на интернет се појавија редица на коментари, а некои од нив беа позитивни, но имаше и доста негативни.
Може ли таков волан да се користи легално при возење по патишта?
И додека властите во САД не можат да одговорат точно на ова прашње, во некои од европските земји, новиот волан на Tesla не пречат во движењето по патиштата. Според властите одговорни за движењето по патиштата во Холандија, никаде во документите, кои ги определуваат условите за движење по патиштата во земјата, а и во тие кои се дел од Европската унија не е одредено каков треба да биде обликот на воланот, што на теорија значи дека воланот е потполно легален за користење на новите модели продавани на нивна територија.
Од Велика Британија исто така излегоа со став дека различниот волан не ги нарушува нивните закони или правилата кои постојат на островот.
Сега можеме да замислиме како ќе реагираат дугите производители на автомобили кои сигурно имаат слични или пак поинакви од традиционалните волани, а досега ги чувале во фиока и не ги користеле.