Прва победа на кинеските производители над германските

ОБЈАВЕНО НА:

За прв пат во историјата, кинеските производители на автомобили ги победија германските на некој од Tоп-20 најголемите пазари на нови автомобили. Така на фронтовската битка во Австралија, производителите од Кина остварија одлични продажни перформанси, надминувајќи ги оние кои доаѓаат од Германија и САД.

Во јануари, според официјалните податоци за продажбата објавени од страна на Комората на автомобилската индустрија на Австралија, продажбата на автомобили од кинеско производство се зголеми за 156%.

Така во Австралија се продадени вкупно 4.198 кинески автомобили што е за 1.120 повеќе од германските и нешто повеќе од двојно во однос на оние од американските брендови. При тоа, најголем пазарен удел имаа кинеските производители MG, LDV и GWM.

И натаму, убедливо најголема продажба остварија јапонските брендови и тоа 29.275 нови автомобили што е пораст од 29,6% во однс на јануари минатата година.

Земја на потеклоПродажбаПроцентуална промена
Јапонија29.275+29.6%
Тајланд16.903-6.1%
Јужна Кореа11.516+11.5%
Кина4.198+156%
Германија3.078-42%
САД2.056-38%

 

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK