Тетовската полициска станица за безбедност на патниот сообраќај вчеравечер (2 февруари) во периодот од 22 до 24 часот, со користење на т.н. „ноќен радар“ спровела засилени контролни активности за санкционирање на возење со недозволена брзина на улицата „Маршал Тито“ во Тетово, на потегот од Монопол кон приклучокот на автопат.
Биле откриени и санкционирани 31 пречекорувања на максимално дозволената брзина.Од нив, 10 пречекорувања биле за над 50 километри на час, а 21 од 30 до 50 километри на час.
Меѓу санкционираните е и мотоциклист кој по оваа улица се движел со 160 километри на час, како и патнички моторни возила чија брзина била над 130 километри на час.
На сите прекршители изготвени им се соодветни платни налози.
Санкционирани се и девет други видови прекршоци, меѓу кои четири лица кои управувале возило без возачка дозвола.