Додека кај нас секој понеделник се носи одлука за цената на горивата, во некои земји граѓаните ги немаат тие проблеми, бидејќи таму е поевтино да ставите гориво во резервоарот отколку на купите шише со виски или на испите кафе.
Со пресек на цените на 25 јануари 2021 година, најевтин бензин во светот може да купите во Венецуела. Во оваа јужноамериканска држава цената за еден литар изнесува 0.020 американски долари.
Тоа значи дека за да наполните еден резервоар од 55 литри ќе ви бидат потребни 1,1 долар односно 56 денари.
Причината за вака ниската цена е тоа што Венецуела ги има најголемите резерви на нафта. Поради тоа и шверцот на бензин од Венецуела во Колумбија, Бразил и Гвајана е и тоа како честа појава.
Само за споредба, цената на бензинот во соседен Бразил изнесува 0.842 долари односно 43 денари за литар.
Во Топ-10 земји со најниска цена на бензинот покрај Венецуела се вбројуваат уште и Иран, Ангола, Алжир, Кувајт, Катар, Судан, Казахстан, Туркменистан и Нигерија, а цената на бензините во овие земји се движи од 0.07 долари до 0.433 долари.