Ако сте „шпараџија“: Греењето во автомобил чини пари – што не треба да вклучувате

ОБЈАВЕНО НА:

Затоплувањето на седиштата и прозорците не е бесплатно. Експертите од ADAC определиле колку енергија се троши толку често од генераторите кои се користат во зимата за затоплување на внатрешноста. И таа не е малку…

Колку повеќе електроенергија треба да испорача генераторот на автомобилот, познат и како „алтернатор“, толку потешко ќе се заврти тој и толку повеќе моторот со внатрешно согорувње треба да работи за да го придвижува. Тоа ја зголемува портрошувачкаа на гориво и како резултат на тоа се трошоците.

Се применува следното правило: 100 вати моќност бараат дополнителна потрошувачка од 0,1 литар гориво или 0,1 кВтчаса електроенергија на 100 километри. На пример, ако е вклучено затоплувањето на предната шофершајбна (800 вати), седиштето (100 вати), воланот (50 вати) и ретровизорите (40 вати), мобилниот телефон да се полни (10 вати) истовремено, патувањето од Минхен до Франкфурт (околу 400 километри) станува поскапо за бензинецот за шест евра или за 1,25 евро за електромобилите.

За ова ADAC препорачува вклучување на електричните потрошувачи само кога се апсолутно неопходни. Во исто време експертите предупредуваат во никој случај да не се штеди на осветлување или вентилација бидејќи бебедноста е секогаш на прво место и е меѓу приоритетите пред заштедата на енергија.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK