Последните податоци кои беа објавени од Асоцијацијата на автомобилски производители на Европа (АСЕА) покажаа дека регистрациите на новите патнички автомобили се намалени за 23,7% до ниво од 9.942.509 единици во 2020 година.
Во декември, од асоцијацијата објавија пад во бизнисот од 3,3% до 1.031.070 возила.
На секој еден од основните европски пазари има пад во текот на минатата година кој варира од 32,3% во Шпанија, 27,9% во Италија, 25,5% во Франција, до 19,1% во Германија.
Велика Британија ја аврши годината со пат од 29,4%.
Во 2020 година на европскиот пазар нема автомобилска група или бренд, кој може да се пофали со раст во регистрациите во споредба со 2019.