Тажен ден – целосно изгоре музеј со 230 ретки видови мотоцикли (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Тажен ден за вљубениците во мотоциклизмот – во Австрија целосно изгоре музеј со повеќе од 230 ретки видови мотоцикли.

Како што пренесуваат австриските медиуми, пожарот избувнал утрото на 18 јануари, во музејот лоциран на австриските алпи на надморска висина од 2.200 метри.

Музејот е формиран 2016 година од страна на браќата Албан и Атила Шајбер, а пожарот го гаснеле повеќе екипи, но поради тешко достапниот терен, истиот не бил изгасен навремено.

https://youtu.be/xL8b7Cd898w

Во музејот се наоѓале и класични возила како Alfa Romeo 8C 2300 Monza, Porsche 959, и Messserschmidt KR175 кои исто така целосно изгореа.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK