ОФИЦИЈАЛНО: Создаден е третиот најголем светски производител на автомобили

ОБЈАВЕНО НА:

И официјално, по повеќе од една година преговарања и исполнување на правни барања создаден е Stellantis – третиот најголем светски производител на автомобили.

Оваа компанија во своето портфолио располага со 14 брендови: Abarth, Alfa Romeo, Chrysler, Citroën, Dodge, DS, Fiat, Jeep, Lancia, Maserati, Opel, Peugeot, Ram и Vauxhall. Покрај брендовите на автомобили, новата компанија ќе поседува и други компании како: Comau, Faurecia, Mopar и Sevel.

Седиштето на компанијата е во Амстердам, а акциите ќе се тргуваат на берзите во Милано, Њујорк и Париз. Претседател на одборот на директор е Џон Елкан, а извршен директор е Карлос Таварез, кој досега ја извршуваше функцијата прв човек на PSA Групацијата.

Најголеми поединечни акционери во Stellantis се: Exor, фамилијата Peugeot, Владата на Франција и Dongfeng Motor Group.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK