Иако првично беше најавено дека моделот Gladiator на Jeep ќе биде достапен само во Северна Америка, американскиот производител и официјално потврди дека доаѓа во неговите салони во Европа.
Моделот чија премиера беше во април 2019 година, а во производство влезе минатата година во фабриката во Охајо, првите испораки во Европа ќе ги има уште оваа пролет.
За разлика од американскиот пазар каде е веќе достапен со 3,6 литарски Pentastar V6 бензински мотор, во Европа може да се купи само со 3,0 литарски Multijet V6 дизелски мотор кој продуцира 260 КС и 600 Nm обртни моменти.
Цената официјално не е соопштена, но потврдено е дека во понудата ќе биде достапен со три нивоа на опременост: Sport, Overland и Launch Edition.