Hyundai Elantra е овогодишен автомобил на годината во Северна Америка, одлучи стручното жири составено од новинари и истакнати личности од автомобилската индустрија во Мексико, САД и Канада. Во финалето Elantra ги победи Genesis G80 и Nissan Sentra.
За најдобар SUV возило беше одбрано Ford Mach E кој беше рангиран на првата позиција пред Genesis GV80 и Land Rover Defender.
Во за американците најпривлечната категорија, категоријата на пикапи, признанието замина кај Ford F-150 кој беше подобар од Jeep Gladiator Mojave и Ram 1500 TRX.
За потсетување, минатата година победници во категориите беа Chevrolet Corvette, Kia Telluride и Jeep Gladiator.