Никаде како дома – Skoda оствари голема доминација во Чешка во поглед на продажбата за минатата година, покажуваат официјалните податоци.
Дури седум модели на чешкиот производител се во топ 10 најпродавани модели за минатата година.
На првата позиција, очекувано, се најде Octavia која генерираше продажба од 17.873 примероци што претставува 10,7% од вкупната продажба на нови возила во земјата. На втората позиција со продадени 14.673 примероци се најде моделот Fabia, а на третата позиција е Scala со 8.170 примероци.
И на следните две позиции се наоѓаат модели на Skoda. Станува збор за кросоверите Karoq и Kamiq кои забележаа продажба од 7.442, односно, 6.773 примероци.
На листата Superb е на осмата позиција со продадени 5.721 примерок и Tucson со продадени 4.051 примерок. Останатите позиции ги пополнуваат моделите Kia Ceed, Hyundai Tucson и Hyundai i30.