Hyundai Motor заврши со 3,74 милиони продадени возила во 2020 година

ОБЈАВЕНО НА:

Компанијата Hyundai Motor стана една од првите автомобилски компании, која ги објави резултатите од продажбата за изминатата календарска година.

Според податоците на гитантот, побарувачката на производите во 2020 година достигнала ниво од 3,74 милиони автомобили, што претставува пад од 15,4% во споредба со 2019 година. Од компанијата објавија дека продажбите во Кореја се зголемени со 6,2% до ниво од 787.854 единици, додека оние на меѓународните пазари се свеле на 19,8% до 2.955.660 примероци.

Во позадина на исклучително тешка 2020 година, Hyundai Motor Company ги објави плановите за календарската 2021 година, кои предвидуваат намалување во продажбите на компанијата во Кореја од околу 6% до ниво од 741.500 автомобили и пораст на меѓународните пазари од 15,7% до 3.418.500 примероци.

Вкупниот раст што го поставија како продажба цел од страна на Hyundai Motor Company за 2021 година е 11,1% до ниво од 4.160.000 автомобили.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK