LG и Индонезија со договор за инвестиција од 10 милијарди долари за производство на батерии

ОБЈАВЕНО НА:

Јужнокорејскиот конгломерат LG со претставници на владата на Индонезија потпишаа договор според кои ќе бидат вложени речиси 10 милијарди американски долари во производство на батерии за електричните возила.

Меморандумот опфаќа вложување во ланецот на снабдување за електрични возила, изјави Бахил Лахадлиа, шеф на индонезискиот координациски одбор за вложување.

Благодарение на овој договор, Индонезија ќе стане првата земја во светот која ќе изгради комплетен сектор за електрични батерии, од црпење на руда до производство на литијумски батерии.

Во договорот е прецизирано и дека најмалку 70% од никелот кој се користи во производството на батерии мора да биде преработен во Индонезија. Потврда за овој договор стигна и од LG Energy Solution, фирма-ќерка на јужнокорејскиот гигант.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK