Продажбите на електромобилите во Европа скокнаа за 198 отсто – Renault ја престигна Tesla

ОБЈАВЕНО НА:

Рекордно продадените 166.000 нови електромобили (хибриди на полнење и 100% електрични модели) во ноември, на европскиот пазар отчитаа импресивен пораст од 198% во побарувачката на овој вид на автомобили со алтернативен погон, а пазарниот дел достигнал ниво од 16% (8% на целосно електричните).

Податоците на ev-sales покажуваат дека во ноември, најбараниот електричен автомобил, особено 100% електричен, во Европа повторно е Renault ZOE со 9.953 продадени примероци. Во Топ 5 исто така влегуваа пионерскиот електромобил на Vоlkswagen ID.3 со 8.496 единици, Hyundai KONA EV со 5.375, Tesla Model 3 со 5.014 и хибридот Mercedes A250e со 4.517.

Со 83.356 реализирани автомобили, Renault ZOE води во статистиката со убедлива предност еден месец пред крајот на 2020 година. На 2. место се наоѓа Tesla Model 3 (63.086), а на третото е Hyundai KONA EV со 37.202.

Во Топ 10 на најпродаваните електрифицирани автомобили во Европа во 2020 година фигурираат вкупно девет целосно електрични автомобили, а единствен исклучок, хибридот на полнење Mitsubishi Outlander, е на 10. позиција со 24.868 единици.

Првата десетка е дополнета со Volkswagen e-Golf (31.326), Audi e-Tron (30.181), Volkswagen ID.3 (28.839), Peugeot e-208 (28.137), Kia Niro (27.049) и Nissan LEAF (26.366).

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK