Заврши производството на Alfa Romeo Giulietta

ОБЈАВЕНО НА:

Како што и претходно беше најавено, Alfa Romeo го заврши производството на моделот Giulietta.

Во фабриката во Касино, на 22 декември, нешто повеќе од 10 години по премиерата, Alfa Romeo го означи крајот на производството на единствениот хечбек во понудата.

Моделот Giulietta беше најстариот во понудата на Alfa Romeo. Поради тоа што десет години се продаваше како една генерација, последните три години продажбата бележеше континуиран пад. Минатата година се продадени 15.690 примероци од овој модел.

Со прекинувањето на производството, понудата на Alfa Romeo сега е сочинета само од два модели: Giulia и Stelvio.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK