Fiat Chrysler Automobiles (FCA) започнува со реализацијата на инвестицијата тешка 204 милиони долари, потврди премиерот на Полска Јарослав Говин.
Инвестицијата е насочена кон постоечката фабрика во Тичи, а ќе се однесува на модернизација и оспособување за производство на автомобили на хибриден и електричен погон.
Целта е кон крајот на 2022 година во оваа фабрика да започне производството на првиот, од трите планирани хибридни и електирчни модели во оваа фабрика. Истиот најверојатно ќе биде од брендот на Fiat, а на него подоцна ќе се вклучат Fiat и Alfa Romeo.
Кој точно модел ќе се произведува ќе биде познато следната година.