По пет години производство Ford реши да го прекине производството на моделот B-Max, со цел да се направи простор за нови кросовер возила кои во моментов се повеќе барани на пазарот. Истиот се произведуваше во фабриката во Романија.
Наместо B-Max сега од истата фабрика од производната лента ќе излегува EcoSport
Воведен во 2012 година, B-Max беше поставен под моделите C-Max и S-Max во фордовиот европски состав на миниванови. Таа беше заснована на истата платформа на Fiesta од шестата генерација како и EcoSport, но не се продаваше добро бидејќи дури и европскиот пазар повеќе се движи кон кросовер моделите и далеку од миниван возилата.
Втората генерација на EcoSport исто така беше промовирана во 2012 година и се произведува на локации низ целиот свет, вклучувајќи ги Бразил, Русија, Кина, Тајланд и Индија. Додавањето на локалното производство во Романија треба да му помогне на мини-кросоверот да има поголем удел на пазарот во Европа, додека моделот ќе биде претставен на американскиот пазар следната година по нејзиното деби и освежената верзија на LA Auto Show минатата година.
Се уште не се објавени деталите за новиот автомобил за европскиот пазар, а се очекува да биде речиси идентичен како и верзијата за САД. Премиерата се очекува на саемот во Франкфурт есенва.