Fiat во САД останува само со еден модел

ОБЈАВЕНО НА:

Италијанскиот производител Fiat соопшти дека од следната година во понудата во САД место нема да има за моделите 500L и 124 Spider.

Ова практично значи дека понудата на Fiat ќе биде сведена само на моделот 500 и неговите верзии, вклучувајќи ја и хибридната.

Причината за ваквата одлука е лошата продажба на наведените модели на американскиот пазар. Истата бележи и континуитет на пад од 2014 година па наваму. Таа година Fiat испорача 46.121 автомобил, а минатата година само 9.200 нови автомобили.

Во првите девет месеци годинава, од моделот 500L продадени се само 392 примероци, 1.335 примероци од 124 Spider додека 500X во 1.130 примероци.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK