Нов следен модел кој ќе го видиме под брендот на Jaguar ќе биде моделот J-Pace. Истиот претставува целосно електричен кросовер кој доаѓа по премиерата на електричниот I-Pace.
Официјалните детали за моделот J-Pace сe уште се непознаница, но овој електричен SUV ќе биде базиран на МLA платформа, истата онаа која ќе се користи и кај следната генерација на Jaguar XJ и Range Rover.
J-Pace на глобалниот пазарот ќе им се спротивстави на моделите X и Y на Tesla. Aвтономијата во возење ќе изнесува околу 480 километри, според важечките WLTP стандарди.
Овој модел може да се очекува кон крајот на следната или почетокот на 2022 година. Она што е засега сигурно е тоа дека производството ќе се спроведува во фабриката во Кастл Бромвич, во Велика Британија.

Следете не и на:

