LADA почна со производство на новата Niva Travel

ОБЈАВЕНО НА:

Од АВТОВАЗ соопштија дека LADA West Togliatti стартуваше со производство на новата верзија на моделот Niva-Niva Travel, а првиот склопен претставник бил од верзијата Off-road.

LADA Niva Travel се одликува со сериозно трансформиран и модернизиран дизајн, а импресионираноста ја прави целосно новата предна хауба, поголемата решетка и целосно новите светла.

Автомобилот се одликува со нов профил, со акцентирани браници и нови тркала, како и обновен стил на задниот дел со интегрирани диодни светлосни модули. Тематската верзија Off-road ја надградува основата со офроуд гуми и дополнителен надворешен пакет.

Без да се навлегува во детали за внатрешноста, од Lada коментираат дека возачот и неговите придружници можат да сметаат на простор со одлична видливост, моќен клима уред, сигурна изолација на звук и вибрации, удобни седишта и мултимедија.

„Тоа е големо достигнување особено за екипата на Lada West Togliatti, кој успеа да навреме да го интегрира овој важен проект. Повеќе од 650.000 од овие автомобили се движат денес по патиштата и надвор од него во Русија и во други држави“, вели Ив каракацанис, претседателот на АВТОВАЗ.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK