Во Jaguar и Land Rover делови „Made in Mаcedonia“

ОБЈАВЕНО НА:

Во иднина во новите возила на Jaguar и на Land Rover ќе се вградуваат делови што се произведени во Македонија, во компанијата Костел во Охрид.
Компанијата веќе работи и за BMW, MErcedes, Volkswagen, Porsche, Audi, Tela и Roll Royce.

Компанијата Костал следната година ќе отвори 250 нови работни места и ќе воспостави нови, најсофистицирани линии за најсовремените производи на Костал на глобално ниво, вели првиот човек на компанијата Виктор Мизо.

Во компанијата се произведуваат електрични системи за автомобили, и други механички и електронски делови Од 2016 година работи во Македонија, во Охрид.

„Работиме за BMW, Mercedes, Volkswagen, Porsche, Audi, Tesla и Rolls Royce, а од наредната година ќе почнеме да работиме и за Jaguar и Land Rover, што значи дека 80 отсто од нашите клиенти, се премиум производители на автомобили. До крајот на оваа година ќе биде реализирано околу 74-76 отсто од планираното. Поддршката која Владата ја даде, што беше важно не само за Костал, туку и за други компании кои работат во земјата, беше првиот бран на изедначување на царинските тарифи со оние од ЕУ и веќе го гледаме првичниот импакт во месец ноември, кога нашата конкурентност беше значително зголемена“, изјави директорот на компанијата Костал, Виктор Мизо.

Компанијата Костал е германска инвестиција, која работи во просториите на некогашно ЕМО, а која има изградено и нова производствена хала.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK