Во фабриката на Magna Steyr во австрискиот град Грац, произведен е јубилејниот 400 илјадитиот примерок на G класата на Mercedes.
G класата за прв пат започна да се произведува во 1979 година носејќи ја додавката W460. Вкупно се лансирани четири генерации, а актуелната, четврта, е претставена во 2018 година.
Во понудата, актуелната генерација доаѓа со три бензински мотрои, од кој најмоќниот е 4,0 литарскиот V8 twin-turbo мотор кој продуцира максимални 577 КС при 6.000 вртежи во минута. Тука се и двата 3,0 литарски дизелски мотори.
Во однос на иднината на овој легендарен модел, германскиот производител најави дека за неколку години во понудата ќе се најде и целосно нова електрична изведба.