Се враќа легендарната Honda S2000?

ОБЈАВЕНО НА:

Повеќе специјализирани сајтови за автомобилизам пренесоа дека Honda планира во понудата ја го врати легендарниот модел S2000.

Според истите сајтови, новата, трета генерација на овој модел би требало да се појави во текот на 2024 година. Новата S2000 ќе има подобри перформанси од претходниците благодарение на алуминиумската основа и лесните материјали.

Дури се шпекулира дека покрај верзија со бензински мотор ќе има и целосно електрична.

Инаку овој модел за прв пат се појави во 1999 година и веднаш стана вистински хит. Втората генерација односно фејслифтот беше претставена пет години подоцна и на пазарот се задрша се до 2009 година.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK