Новата Mazda 2 како Toyota Yaris

ОБЈАВЕНО НА:

Веќе некое време Mazda и Toyota имаат одлична соработка. Истата најпрво резултираше со новиот Toyota Yaris наменет за американскиот пазар кој беше всушност ребрендирана Mazda 2.

Оваа година Toyota ја претстави новата генерација на моделот Yaris, а двете компании се договорија да новата генерација на Mazda 2 ја позајми архитектурата, технологијата и дизајнот на овој модел.

Новата, пета генерација на Mazda 2 која на одредени регионални пазари е позната под името Demio, ќе биде претставена следната година. Единствената разлика во поглед на Yaris е предниот дел каде е аплициран веќе препознатливиот дизајн на Mazda.

Новата двојка ќе го позајми и 1,5 литарскиот бензински мотор од Yaris, а во понудата достапна ќе биде и со неколку хибридни верзии. Неофицијално, истата ќе се произведува во истата фабрика како и Toyota Yaris, на северот на Франција.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK