Електричниот Mustang Mach-E со автономија од речиси 500 километри

ОБЈАВЕНО НА:

Компанијата Ford објави дека после спроведените тестови од страна на Агенцијата за заштита на животната средина (ЕРА) целосно електричниот Mustang Mach-E добил официјална потврда за показателите за автономија.

Верзијата на Mustang Mach-E со поголема достапна батерија и во верзија со погон на задните тркала одговорила на очекуваните показатели од 300 милји (480 километри) со едно полнење на акумулаторскиот блок.

Истата батерија, но во комбинација со погон на четири тркала кај електромобилот одговара на претходно најавените индикатори за автономија од 270 милји (430 километри).

За двете соодветни модификации на Mustang Mach-E, првите испорадки во САД ќе бидат направени во текот на следниот месец, а со стандардната батерија ветуваат по 368 и 336 километри.

Mustang Mach-E ќе биде и еден од првите автомобили на Ford, кој ќе биде опремен со системот Active Drive Assist, кој ветува автономно управување попретходно мапирани автопати и експресни патишта комбинирани во категоријата Hands-Free Zones, а ќе покриват повеќе од 100.000 милји на патната карта на Северна Америка.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK