Кои се најекономичните нови автомобили со мотор со внатрешно согорување

ОБЈАВЕНО НА:

Кога се купува нов автомобил еден од параметрите кои многу влијае на одлуката секако е колку истото возило троши гориво. Од тоа зависи и цената на одржување и трошоците за гориво. Затоа сите сакаат „евтино, добро и пред се економично возило“.

Автомобилските експерти од Германија направија рангирање на автомобилите кои се најекономични од оние кои имаат мотори со внатрешно согорување. Тие ги посочија десетте возила на пазарот и притоа направија ранг листа од нив односно Топ 10.

Станува збор исклучиво на автомобили со мотори со внатрешно согорување, а во класификацијата не се вклучени plug-in хибридите и електромобилите.

10.BMW X2

Турбодизел со 150 коњски сили и со обем од 2.0 литри. Комбинирана потрошувачка од 5,3 литри на 100 километри.

9.Nissаn X-Trаil

Варијанта одново со дизел турбомотор, но со обем од 1.6-литри и моќност од 130 коњски сили. Има потрошувачка од 5,3 литри на 100 километри.

8.Mini

Под хаубата има 1.5-литарски бензинов турбо мотор со моќност од 136 коњски сили и потрошувачка од 5,2 литри на 100 километри.

7.Mеrсеdеs-Bеnz А-Klаssе

Тука станува зборза варијантата со 1.3-литарски бензинов турбо мотор со моќност од 150 коњски сили и потрошувачка од 5,2 литри на 100 километри.

6.Pеugеоt 408

Се посочува дека комбинираната потрошувачка на гориво е 4,9 литри на 100 километри, а верзијата е опремена со 1.6-литарски турбодизел со моќност од 114 коњски сили.

5.Аudi А3 Ceдaн

 

Опремен е со бензинот турбо мотор со 150 коњски сили со обем од 1.4 литри. Потрошувачката е 4,8 литри на 100 километри.

4.Pеugеоt 3008

Станува збор за кросовер, опремен со дволитарски турбомотор со моќност од 150 коњски сили и потрошувачка од 4,8 литри на 100 километри.

3.Jаguаr XЕ

Со солидна моќност од 204 коњски сили, дволитарскиот турбодизел троши средно 4,8 литри на 100 километри.

2.Kiа Piсаntо

Верзијата која е најекономична кај корејските производители е со бензинов мотор со моќност од 67 коњски сили. Комбинираната потрошувачка е 4,4 литри на 100 километри.

1.Сitrоеn С3 Аirсrоss

Под хаубата на победникот во ова рангирање е монтиран 1.6-литарски турбодизел, кој располага со моќност од 92 коњски сили. Потрошувачката е 4,3 литри на 100 километри.

Ова е изборот на Германците. Имате ли некоја забелешка?

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK