Долги години возилата на Tesla беа најпродавани во својот сегмент, иако Nissan се обидуваше да го намали пазарниот удел на американскиот производител. Всушност ако се анализира продажбата во претходните две години, Tesla и Nissan имаа монопол во Европа во поглед на продажбата на електрични возила.
Сега Volkswagen Групацијата успеа да го одземе приматот на овие два производители во неколку европски пазари. Така во Холандија и Норвешка најпродавано електрично возило е VW ID.3, остварувајќи продажба од 2.789 во Холандија и 2.475 во Норвешка.
И покрај огромната продажба, во Норвешка на лидерската позиција е Audi e-tron со продадени 8.203 примероци од почетокот на годината до крајот на октомври, а пак за истиот период моделот 3 на Tesla е продаде во само 3.271 примерок.
Tesla го губи пазарот и во Германија и Данска, а зголемување на продадената количина во корист на германскиот прозиводител има и во Австрија, Луксембург и Швајцарија.