VW ID.5 Coupe SUV ќе се продава само во Европа

ОБЈАВЕНО НА:

Откако се појавија моделите ID.3 и ID.4 од Volkswagen доаѓа веста дека веќе се тестира нивниот роднина ID.5 Coupe SUV што ќе се продава ексклузивно само во Европа. Комерцијализацијата на моделот се очекува следната година, потврди Томас Улбрих, шефот на VW e-mobility.

Делумно одговорен за оваа одлука е всушност моделот ID.4, кој ќе служи како EV на семејството ID што треба „да прави продажни бројки“, како и првиот глобален електричен автомобил на VW истовремено изграден на три континенти, пренесува Autonews Europe.

Германскиот бренд планира не помалку од 500.000 возила ID.4 за 2025 годин, иако вкупно Улбрих очекува VW да започне со продажба на 1 милион електрични возила секоја година до 2023 година.

ID.4 ќе се најде во продажба во Европа годинава, а производството ќе биде во фабриката на Цвикау во Германија. Целосно електричниот кросовер исто така ќе се произведува во погоните во Антинг и Фошан, Кина, а производството во САД ќе започне и во Чатануга, Тенеси.

Што се однесува до електричниот хечбек ID.3, тој веќе се продава во Европа, а Кина треба да го добие во следниот период. Сепак, се смета за премногу мал за успешно да се продава во САД.

Ова нè враќа на ID.5, што треба да може да се совпадне со Tesla Model Y во однос на големината – така што нема причина да се верува дека тоа не би било добро во САД. Секако, можно е VW групацијата да сака да го задржи ID.5 од конкуренција на Audi e-tron и e-tron Sportback кои се веќе присутни во САД.

 

 

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK