Не само за фаќање на прекршители на сообраќајните правила, туку и за нешто многу подобро. Италијанската полиција го искористи своето супер моќно Lamborghini Huracan за хуман гест.
За потребите на донорот, полициски службеници за два часа успеале да го пренесат бубрегот од Рим до Падова. При тоа просечната брзина изнесувала 230 км/ч, доволно за навремено пристигнување и спасување на живот.
На својот Твитер профил, Државната полиција објави и видео, а во пораката напишаа и дека за спасување на живот не се потребни само супермоќи туку и солидарност и технологија.
Grazie alla nostra @Lamborghini Huracan abbiamo trasportato in tempo il rene di un donatore per il trapianto a una persona
“Per salvare una vita non servono superpoteri” anche solidarietà, tecnologia ed efficienza aiutano @CNTrapianti @MinisteroSalute #essercisempre#5novembre pic.twitter.com/teUxqbMgvW— Polizia di Stato (@poliziadistato) November 5, 2020