Финци најдоа решение за проблемот со замрзнатите фарови (ВИДEO)

ОБЈАВЕНО НА:

Со навлегувањето на LЕD-фaрoвитe во автомобилите сè повеќе возачи се соочуваат со нов проблем. LED диодите не испуштаат топлина како халогените светилки, како резултат на што во текот на зимата фаровите се замрзнуваат однадвор и се потат одвнатре, влошувајќи го квалитетот на светлосниот сноп.

Производителот од Финска на „паметни“ компоненти за автомобилската индустрија Саnаtu нуди едноставно, но елегантно и ефективно решение за овој проблем – проѕирен грејач под формат на фолија. Лепенката е изработена од полимерен материјал кој е отпорен на големи температури, над кој се нанесени грејачи со мали точки.

Фолијата обезбедува рамномерно загревање и заштита на фаровите против замрзнување без да предизвика штета на поликарбонатната површина. Лепенката може да биде изразена во сите форми според конкретните потреби.

Од Саnаtu тврдат дека фолијата може да се користи на сите надворешни површини на каросеријата, вклучително и камери, сензори и радари. Финците веруваат дека нивниот развој ќе биде особено корисен за идните автономни автомобили без возач, кој може рачно да ги чисти мразулците од фаровите.

Основниот предмет на активност на Саnаtu нe e поврзан со грејните елементи, туку со сензори. компанијата произведува фолија, со која можат да бидат нанесени виртуелни копчиња на практично секоја тродимензионална површина во внатрешноста на автомобилот.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK