Нов електричен автомобил доаѓа од Русија

ОБЈАВЕНО НА:

Електричните автомобили добиваат се поголема популарност. Поради тоа се повеќе компании, особено старт-ап, се одлучуваат да започна со производство на електрични автомобили, и што е важно, истите потекнуваат од земји со не толку развиена автоиндустрија.

По Хрватска, Грција, Бугарија, Финска, Полска, и Русија наскоро ќе се појави на мапата на производители на електрични автомобили.

Monarch е руската компанија која наскоро ќе започне со сериско производство на електричниот модел кој ќе го носи истото име.

Monarch

Според руските меидуми, во понудата се наоѓаат две верзии S200 и S400 што всушност се однесува на вкупниот број на kW и тоа 200 kW (со 272 КС) и 400 kW (со 544 КС).

Monarch

Компанијата веќе започна да прима нарачки, а почетната цена за основната верзија изнесува 58.000 американски долари.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK