Hyundai ги објави првите слики од спортската изведба на N Line на целосно новата генерација на хит SUV моделот Tucson.
Новата Hyundai Tucson N Line, која ќе биде достапна во Европа следната пролет, ќе стане седмата понуда на марката во семејството N Line.
За автомобилот, компанијата коментира дека ќе демонстрира поагресивен и карактеристичен надворешен дизајн, како и тематски изведен ентериер, дизајниран да ги задоволи барањата на оние потрошувачи кои бараат стил и искуство на патот на повисоко ниво. За дополнителен акцент, Hyundai специјално создаде неколку нови варијации на бои и комбинации за Tucson N Line.
Семејството на N Line на Hyundai во Европа вклучува тематски верзии на i10, i20, i30 (хечбек, караван) и Kona, и од пролетта и новиот Tucson.