Mitsubishi motors corporation (MMC) објави амбициозен план со кој ќе се обиде сериозно да го намали влијанието на своите проиводи и произвдоствени капацитет врз околината.
Со новиот план, кој ги опфаќа следните 30 години од развојот на компанијата од автомобилскиот производител најавуваат цел од 40% намалување на емисиите на СО2 на новите автомобили и бизнис дејности, како и големување на пазарниот микс на електромобили во целата дејност од 50% до 2030 година.
Намалувањето од 40% на штетните емисии на новите автомобили на Mitsubishi се очекува да биде постигнатона база на податоците од 2010 година, а тоа на производствените капацитети врз база на податоците од 2014 година.
Во позадина на новиот план, Mitsubishi motors corporation Објавува дека компанијата ќе продолжи да ги развива еко-одговорните технолошки решенија, вклучително и plug-in хибридните продукти.