Почетната цена на новата Dacia Sandero ќе биде под 8.500 евра

ОБЈАВЕНО НА:

Dacia минатиот месец ја претстави новата генерација од моделот Sandero, а сега е веќе позната и продажната цена.

Така во Германија новиот Sandero ќе се продава по цена од 8.490 евра што е за околу 1.200 евра повеќе во однос на почетната цена на втората генерација.

Почетната цена за Stepway верзијата со осноно ниво на опременост и 0,9 литарски турбобензински мотор од 91 КС ќе чини 11.390 евра.

Треба да се потенцира дека основното ниво на опременост е со повеќе опрема отколку претходната генерација. Така фабрички доаѓа со радио со интегриран држач за паметни телефони, кратки LED светла, неколку безбедносни системи како и SOS функција. Тука е и електричниот серво управувач како и алуминиумските фелни.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK