Renault 5 зазема посебно место во историјата на францускиот производител. Овој мал хечбек својата популарност ја стекна на европскиот пазар во периодот од 1972 година до 1996 година.
Поради големата побарувачка, овој е еден од ретките производители кои во Европа, во исто време се произведувале во четири фабрики и тоа Булоњ (Франција), Диеп (Франција), Паленсија (Шпанија) и Ново Место (Словенија).
Иако 24 години нема никакви најави за негово оживување, италијанскиот графички дизајнер Марко Малтезе на своја рака се одлучи да ја “обнови” петката. Тој е независен дизјанер и овој негод рендер не е поврзан со компанијата, туку е пред се негова визија за изгледот на Renault 5.
Концептот ја има задржано првичната форма, но со бројни модерни елементи како LED светла, алуминиумски фелни и други дизајнерски детали кои навистина му даваат привлечен дизајн.
Ако евентуално Renault 5 се реши истото возило да го врати на производните патеки сигурно дека ќе биде сериозен конкурент на MINI Cooper SE. Засега е само еден неостварен сон, но којзнае…