За да го искористи успехот во Европа на својот заштитен знак, технологијата PHEV*, Mitsubishi Motors Corporation (MMC) ќе претстави PHEV верзија на новиот модернизиран СУВ Eclipse Cross во регионот.
Како дизајн и технолошка еволуција на сегашниот модел, Eclipse Cross PHEV е во согласност со позицијата на ММС, според која во моментов целосно новите автомобили нема да бидат пуштени во продажба во Европа.
Eclipse Cross PHEV ќе прерасне во технолошки флагман на брендот во Европа, завршен со уникатен хибриден погон базиран на EV-технологиите, Twin Motor 4WD погонот и системот за управување на сите тркала (S-AWC).
Тој ќе биде претставен постепено на избраните европски пазари од почетокот на пролетта во 2021 година на база на локалната побарувачка и потенцијал.
Од стартот на продажбите на Eclipse Cross кон крајот на 2017 година до овој момент се продадени 66.390 автомобили во Европа (територијата на ММЕ-33 пазари/според податоците на ММЕ до август 2020 година).