Кој вели ги нема на истокот: Полицијата казни 60 лица во Берово и Делчево за 1 час контрола

ОБЈАВЕНО НА:

За еден ден во Кочани и Виница се казнети 156 возачи.

Покрај зачестените контроли во поголемите градови во Македонија, и секојдневно во Скопје, полицијата спроведува засилени акции и во другите помали градови низ државата. Од тоа не се исклучок ниту помалите места, па така само за 1 час контролирање во Берово и Делчево санционирани се 60 сторители. Таа бројка сигурно ќе биде поголема, а деталните бројки од акцијата ќе бидат соопштени утре.

„Само за еден час во денешната акциска контрола во Делчево и Берово се изречени над 60 санкции, пред се за нерегистрирани возила, возење без возачка дозвола и др. “, соопшти Тони Ангеловски, портпаролот на МВР, кој потенцира дека акциските контроли продолжуваат и во наредните денови, а целосните податоци од денешната засилена акциска контрола во Делчево и Берово ќе бидат презентирани утре.

До сега за помалку од месец дена откако започнаа засилените сообраќајни контроли изречени се над 14.000 санкции, најчесто за возење со брзина над дозволената, нерегистрирани возила, а се санкционираат и возачите на мотори кои не ги почитуваат правилата.

Министерството за внатрешни работи вчера (23.10.) спроведе засилена акциска контрола во областа на сообраќајот и на територијата на Кочани и Виница. Притоа, изречени се вкупно 156 санкции, меѓу кои 32 за измината важност на сообраќајната дозвола (нерегистрирани возила), 23 за возење без возачка дозвола,13 за пречекорување на брзина.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK