Седум лица кои нарачаа Tesla автомобил во Шведска ќе мора да почекаат уште некој месец. Причината за тоа е пошарот кој го зафати продажно-изложбениот центар на Tesla во Малмо, Шведска.
Пожарникарите со неколку возила не успеале навремено да ги изгаснат седумте возила од моделот 3, но за среќа успеале да спречат пожарот да се прошири на административната зграда.
Причините за пожарот засега не се откриени, но се шпекулира дека автомобилите се самите причинители за пожар.
Шведските медиуми пренесуваат дека не е прв пат пожар да го зафати овој продажно-изложбен салот на Tesla. Пожар се случил и во декември 2017 година кога изгоре речиси цела зграда.