ВРЕМЕ Е.. Како да го подготвиме автомобилот пред зимата?

ОБЈАВЕНО НА:

Зимата создава големи предизвици за превозните средства. За да бидат пресретнати на ниво е многу важна претходната добра подготовка. Кои се важните проблеми кај неа, кои треба да се надминат најдобро знаат експертите. На пример, опасни „полетувања“ на слепо поради замаглени прозорци или проблеми со стартување на моторот во студот.

Зимата има неколку изненадувања за возачите, поради кои се препорачува техничка проверка на автомобилот на почетоокт на студената сезона.

1.Гуми, светла и антифриз. Возачите можат сами да спроведат доста основни тестирања со малку или никакви технички познавања. Ова го тврдат еспертите од ADAC. Препорачлива длабочина на шарата на гумите може да се измери со сребрениот раб на монета од две евра, а функционалноста на осветлувањето може да се провери со помош на партнер. Концентратот на антифризот за чистење на шофершајбната и задното стакло може исто така лесно да се полни.

2.Професионална проверка од специјалист во сервис, која е корисна за постарите автомобили. Таа треба да вклучува и поглед кон издувниот систем, сопирачките и антифриз во ладилникот. Солта на патот го прави издувниот систем особено поподложен на корозија. Гумените делови и гумени прстени, кои ги пригушуваат издувните цевки можат да станат кршливи на студот. Недостатокот на заштита од мраз во колото за ладење со соодветен антифриз може да доведе до големи оштетувања на моторот.

3.Причина број 1 за нефункционирање на автомобилот во студената сезона е акумулаторот. Особено кај автомобили, кои се не пат со една и иста батерија повеќе од пет години, па треба да се побара специјалист за овој уред за складирање на енергија. Знак за неопходноста од ваква проверка е лошото стартување на моторот при релативно ниски температури. Тогаш има голема шанса батеријата д се предаде во поголемиот студ.

4.ADAC препорача споредување на цените и објава на услугите пред да се побара професионална зимска проверка во сервис. Треба да се внимава со предлогот за скапи расходи за предлози за наводно неопходни ремонти. Добро е во таков случај возачите да побараат и добијат втора понуда од друг сервис.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK